Штрајкот на просветните работници ставен во мирување

Штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образаование и наука, изјави денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Неделков напомена дека штрајкот е ставен во мирување врз основа на анализите дека за зголемување на платите на Министерството за образование и наука му се потребни уште неколку дена.

– Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Тој  посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари, како што бара СОНК.

Адеми за утре ги покани претставниците на СОНК на средба во Министерството на последна рунда на преговори каде ќе се знае конечниот став.