Претседателот Пендаровски во официјална посета на Италија

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Италија.

Пендаровски во Рим ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамките на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *