Одбележување на Европскиот ден за заштита на лични податоци

 Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за заштита на лични податоци денеска ќе се одржи  затворање на проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” финансиран од Европската унија во организација на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

На настанот сите заинтересирани страни, офицери за заштита на лични податоци и други претставници на јавниот, приватниот и невладиниот сектор, меѓународни организации, донатори, медиуми и пошироката јавност, ќе имаат можност да се запознаат со предизвиците од новата Општа регулатива за заштита на лични податоци, која е транспонирана во новиот предлог Закон за заштита на лични податоци.

На конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите и достигнувањата на проектот постигнати во текот на целото негово спроведување во Дирекцијата за заштита на лични податоци

На настанот предвидени се обраќања на директорот на Дирекцијата Горан Трајковски и висок претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *