Игор Јанушев: Власта подготвува уште еден грабеж тежок десетици милиони евра

Криминално-рекетарската власт во заминување подготвува уште еден грабеж тежок десетици милиони евра. Последните месеци од владеењето, разграбувањето на државата го вклучија на најјако.

Деновиве сме сведоци на уште една грандиозна измама поврзана со проектот за Системот за итна хеликоптерска медицинска помоши Хеликоптерски услуги за потрага и спасување или попознати како САР иХЕМС.

Главниот владин играч зад договорот за јавно приватно партнерство е десната рака на Зоран Заев – генералниот секретар Драги Рашковски, а од друга страна стои извесен Саша Ѓаковиќ, кој ја основа фирмата во Република Македонија само 24 дена пред владата да го распише Јавниот повик.

Ни помалку, ни повеќе, фирмата која што е избрана на повикот и формирана 24 дена пред да биде истиот распишан, „визионерски“ го носи истото име како и проектот на Заев САРХЕМС.

Ја повикуваме владата да ги објасни сите детали околу договорот, без лагите на Заев дека оваа негова зделка немало ништо да ги чини граѓаните. Вистината е дека граѓаните ќе ги чини премногу.

Има огромен сомнеж дека целиот проект се базира на спорна и во најмала рака скандалозна физибилити студија. Оваа студија, според нашите информации ја изработува извесен професор машински експерт, па веднаш се наметнува прашањето која е неговата експертиза во делот на воздухопловството и какво искуство има истиот во областа?

Во таа студија, цената на договорот која се предлага изнесува 9 милиони евра годишно, и тоа за договорот на минимум на 8 години. Значи, не станува збор за неколку илјади евра, туку за цели 72 милиони евра кои Зоран Заев се обидува да ги сокрие.

Тоа што е уште поскандалозно, не се знае ниту за што точно се исплаќаат, ниту пак од каде ќе се исплаќаат.

Имено, никаде во студијата не е наведена цената на час летање со овие хеликоптери, а не се споменува ниту дали фирмата ќе има обврска да изведе одреден број на летови за 9-те милиони евра годишно. Затоа, легитимно се наметнува прашањето што ќе плаќаме за 9 милиони евра годишно, особено кога ќе се видат и другите услови во физибилити студијата.

А, таму , таму се сугерира фирмата да користи персонал од МВР и АРМ. На кој основ ќе биде ангажиран не се знае, како што не се знае и зошто би се ослабувале капацитетите на војската и полицијата? Или зошто би се исплаќале 72 милиони евра на приватна фирма за веќе платени и високостручни професионалци од страна на државата?

Згора на тоа, со физибилити студијата се предлага на приватниот партнер да му се отстапи на користење и Центарот за обука на пилоти во Петровец. Инфраструктурата, хангарите, односно објектите и опремата на центарот вредат околу 10 милиони евра. Зошто тогаш се плаќаат дополнителни 72 милиони?

Уште поскандалозен е делот во кој се утврдува начинот како ќе биде исплаќан партнерот на Заев.

Имено, студијата предвидува владата да го овласти приватниот партнер да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи во Република Македонија. Кои надоместоци и такси , не се наведува, но, се остава простор, партнерот да бил, внимавајте Ве молам: „ИНОВАТИВЕН“.

Верувале или не, владата немало да буџетира дополнителни средства, но ќе му оставела на партнерот да си избира меѓу нови приходи создадени од туризмот, патници кои транзитираат на аеродромите во Република Македонија, дел од средствата од прелети на воздухоплови, па дури и процент од наплатата на патарини.

За 9 милиони евра, колку што Заев сака да се плаќа на годишно ниво може да се набават над 200 најмодерни возила за итна медицинска помош, или 2 современи хеликоптери за давање на итна медицинска потреби. Ете дотаму оди криминалната власт во заминување на Заев.

Рокот за склучување на договорот е еден месец по одлуката на владата, а јавноста има право да знае што се содржи договорот за хелихоптерите на Заев и Рашковски.

Јавно ги предупредуваме да не влегуваат во нови криминали и да не креираат нови обврски за државата и ги потсетување дека секој еден ќе сноси одговорност за криминалот што го прави.