Хари Локвенец: Нема алтернатива на нашиот европски пат

Потпретседателката на францускиот Сенат, Елен Конве – Муре денеска во Собранието имаше средби со претседателите на комисиите за надворешна политика и за одбрана и безбедност, Антонио Милошоски и Хари Локвенец, а подоцна ќе се сретне и со Артан Груби, прв човек на Комисијата за одбрана и безбедност.

Конве – Муре на средбите на своите соговорници им пренела пораки дека најскоро што ќе може ќе биде ревидирана методологијата за пристапниот процес во ЕУ, додека на Комисијата за одбрана и безбедност главна тема било и нашето зачленување во НАТО.

Пратеникот Хари Локвенец по средбата посочи дека се разговарало за исклучително важни актуелни теми, но оти сепак нашето членство во НАТО и одбраната и безбедноста биле приоритет на средбата.

Според него, француската пратеничка експлицитно не кажала до кога може да биде ревидирана методологијата на пристапниот процес, но Локвенец потенцира дека алтернатива на европски пат на земјава нема ни во форма, ни во суштината поврзан со некои други светски меѓународни организации.

– Единственото решение е полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, што според мене е најважниот заклучок и она што можам да го пренесам, рече Локвенец по средбата.

Тој посочи дека во рамки на ревизија на методологијата за исклучително кратко време би требало да бидат подготвени сите оние измени или, како што рече, „преформулација на внатрешните процедури кои всушност би ни помогнале и нам, заради тоа што не споделено е мислењето тука кај нас дека ревезирбилноста на процесот е наш интерес за суштински реформи и за вистинско постигнување и на европските стандарди меѓутоа и споделување на европските вредности“.

Конве – Муве се сретна и со Милошоски, по што е најавена изјава на пратеникот, а потоа ќе разговара и го Груби. Утре таа ќе има официјална средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.