Премиера на „Врба“ во Прилеп

Најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“, утре и задутре премиерно ќе биде прикажан во Прилеп.

Проекцијата е закажана за 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Врба“ е македонска филмска приказна, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Сценариото и режијата се на Манчевски, фотографијата е на Тамаш Добош, музиката на Кирил Џајковски, костимите се на Ѓерѓ Сакач и на Жаклина Крстевска, а играат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев и Петар Царановиќ.

Влезниците за проекцијата на „Врба“ се по 100 денари.