Прилепските пензионери ќе користат бесплатен јавен гардски превоз секој работен ден од 9 до 11 часот, одлучи совеот на општина Прилеп на денешната седница.
– Пензионерите – жени со навршени 62 години, и мажи со 64 години старост, ќе може бесплатно да ги користат услугите на јавниот градски превоз секој работен ден од 9 до 11 часот. Одлуката ќе се реализира штом стапи на сила, односно, седум дена од објавувањето. Само со покажување лична карта, пензионерите ќе може да ја користат оваа погодност, објасни претседавачот на советот Миле Талески.
Пред почетокот на седницата, 10 советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го соопштија својот став дека нема да учествуваат во работата на советот поради, според нив, неоснованиот притвор на учесниците во настаните во Парламентот од 27 април.
Претседателот на советот Талески ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во работата на советот.
– Ги повикувам советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да работат во инерес на граѓаните за што се избрани од нив, но тие продолжуваат со деструктивно однесување. Тие, всушност не го бојкотираат советот, зашто се потпишуваат за седниците и го добиваат во полн износ надоместокот кој им следува, околу 15.000 денари, односно, 70 отсто од просечната плата во земјава. Присуствуваат и во комисиите, но не учествуваат во нивната работа, вели Талески.
На денешната седница, прилепскиот Совет, меѓу другот, ги донесе програмата за работа на Советот за оваа година, годишните планови за вработување во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и во Градската библиотека „Борка Талески“, повеќе програми од комуналното работење во градот, меѓу кои програмата за управување со отпадот. Советот ја донсе и одлуката за поставување урбана опрема.