Средба на Христијан Мицкоски со Метју Палмер.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите.

Претседателот Мицоски истакна дека е потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во Европската унија преку сериозни сеопфатни реформи.

Мицкоски посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда.