Драган Данев: Состојбите во основното образование се загрижувачки

На денешната прес конференција, Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ сака да изрази низа на забелешки на односот и последиците од владеењето на Владата предводена од СДСМ кон образованието. За потсетување ова е трета година од владеењето на СДСМ и во моментов сме на помалку од шест месеци до предвремени парламентарни избори.

Состојбите во основното образование се загрижувачки.

Учениците втор месец немаат учебници. Квалитетот на наставата е толку низок што за 18 години од денес во Македонија ќе имаме најслаб човечки потенцијал. Ваквото тврдење е според истражување на Светска банка.

Наставниците во основното образование се изневерени. Минималната плата достигнува 21.311 денари, а согласно колективниот договор за основно образование и најавеното покачување на минималната плата од 14.500 денари, таа треба да биде 33.234 денари, за наставник приправник, односно 36.293 денари за наставник.  Во делот на платите, СДСМ вети дека во првите две години наставниците ќе имаат минимална плата еднаква на просечната плата во државата односно 25.127 денари.

Покрај финансискиот дел, Владата предводена од СДСМ не обезбедува професионално усовршување и развој на наставниците, ниту пак се осовременуваат наставните програми.

Во делот на инфраструктурните предуслови треба да се напомене дека со секој Ребаланс на буџетот се кратат огромни средства од делот на изградба на нови и реконструкција на основни училишта и спортски сали.

Новиот закон за основно образование се уште не е имплементиран.

Во средното образование имаме слична состојба, па така, учениците втор месец немаат учебници. Се соочуваме со недоволно развиен систем на професионална ориентација на учениците. Дополнителен проблем за учениците во средното образование е што учат по неусогласена програма со таа од основно образование, односно Кембриџ програмата за предметите по математика, физика и хемија.

Наставниците како и во основното образование и во средното образование немаат усогласени плати согласно потпишаниот колективен договор. Наставниците воопшто не се усовршуваат, а наставните програми не се менуваат. Како и кај основното образование и средното образование е „жртва“ при секој Ребаланс на буџетот и од ставките за нови и реконструкција на средни училишта и спортски сали се кратат средства.

За потсетување Владата предводена од СДСМ вети дека ќе го имплементира проектот кој го започна ВМРО – ДПМНЕ за математичка гимназија, а еве уште една учебна година почна без да знаеме до која фаза е стигнат.

СДСМ во предизборниот период најави и надворешна проверка на знаењата на учениците во основно и средно образорание и стимулирање на објективност во оценувањето кое воопшто не е реализирано.

Во делот на високото образование состојбата е алармантна од сите можни аспекти. Студентите заостануваат во знаења и вештини во однос на своите колеги од европските држави, што директно влијае на пронаоѓањето на работни места, но и развој на економијата.

Доказ за неодоговорното однесување кон студентите е тоа што 10 дена не беше извршено сместување во студентските домови, нема студентска картичка или бонови за исхрана итн.

Покрај сето ова треба да се напомене дека износот и категориите на стипендии воопшто не се променети, а за проектот студентски оброк веќе не се ни спомнува. Академскиот кадар останува со ниски примања, а средствата за наука секоја година се се помали во однос на вкупниот буџет.

Во делот на инфраструктурни предуслови треба да се напомене дека е запрена изградбата на зградите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, 900 легла останаа неискористени поради задоцнети реконструкции, а од предизборното ветување за студентски град со базени, читални и спортски сали нема ни трага ни глас.

Законот за високо образование со кој се подгреваа очекувањата не е имплементиран во целост и се доцни со неговата примена.

Можеме да констатираме дека СДСМ во својата изборна програма вети мерки и проекти кои не може да ги реализира поради незнаење и неспособност да ги води институциите.

Светската банка, но и стопанските комори како носители на економската активност, бараат од Владата најмалку 5% од Буџетот да се одвојуваат за образованието, наспроти моменталните 3,4%.

Средствата од Буџетот предвидени за образование треба да се насочат кон наставни програми со кои учениците и студентите ќе стекнат знаења и вештини еднакви и конкурентни на учениците и студентите од развиените европски држави, нови и реновирани училишни згради, нови и реконструирани студентски домови или пак реализација на ветениот проект за студентски град и мотивиран наставен кадар кој ќе предава по современи наставни програми

Заклучокот е дека образованието во изминатиот три години откако СДСМ е на власт е тотално уништено и маргинализирано, а сето тоа ќе има сериозни последици по иднината на Македонија токму затоа мора на наредните предвремени парламентарни избори да се стави крај на ваквото расипничко, несериозно и неспособно однесување на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *