Соопштение за јавност по повод закажаната лидерска средба

Почитувани,

По повод закажаната лидерската средба, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса ги повикува Претседателот на Републиката и лидерите на најодговорните политички партии на средбата да го заклучат следното:

1. Предлог идеите за решавање на спорот за името кои предвидуваат промена на Уставот на РМ и јасно и безусловно не го гарантираат Македонскиот национален идентитет не ги сметаме достојни за консултација, а уште помалку релевантни за референдумско изјаснување.

2. Итен и неодложен прекин на преговорите за името се додека меѓународните сојузници не обезбедат спроведување на Времената Спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг.

3. Полноправното членство во НАТО Алијансата е одлука која ја очекуваме како гаранција дека меѓународните норми важат за сите подеднакво.

4. Одбиваме да ги исполнуваме и уцените на јужниот сосед. Ако не им беше доволно ПЈРМ, сменетиот Устав и Знаме, нема да им бидат доволни ниту новите имиња на аеродромот и автопатот.

При носење на одлуките како понатаму сите лидери треба да го земат предвид членот 308 од Кривичниот Законик: „Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Секој кој работи против законот на Македонија еден ден ќе одговара пред народот!

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски