Усвоен ребалансот на буџетот на Општина Дебар

Советот на Општина Дебар, на денешната 28-ма редовна седница, покрај другите прашања кои беа на дневен ред, го усвои и ребалансот на буџетот за оваа година.

-Според измените и дополнувањата на буџетот наместо планираните 285.634.000 денари приходите се зголемуваат за 36.000.000 денари. Со ребалансот вкупните приходи се планирани во износ од 321.634.000 денари. Зголемување кај приходите е планирано кај ставката транфсери и дотации, а мало намалување кај капиталните приходи, објасни на седницата Ќазим Ќормемети, реководител на економско-финансискиот сектор во општината.

Со ребаланост расходите се проектирани на 377.251.000 денари и се предвидува дефицит во износ од 66.745.000 денари.

Советниците ја усвоија и Педлог-програмата за одржување на општинските патишта и улици за 2019/2020 година во зимски услови, со барање таа доследно да се почитува.

-Со програмата се уредуваат работите за зимско одржување на општинските патишта и улици, делниците од регионалните патишта кои минуваат низ населените места, а се изградени како улици, како и работите на одржување на комуналните објекти, тротоарите на подрачјето на Општина Дебар во престојната зимската сезона, рече Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам.

Во реализација на програмата вклучени се повеќе надлежни структури, се со цел навремено чистење на снегот и нормално одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните.

Советнците кои доаѓаат од селските населен места, побараа да посветат посебно внмание при изборот на фирма која ќе биде ангажирана во чистењето на снегот од патните правци кои ги поврзуваат со градот, бидејќи, како што рекоа, во текот на минатата зима, ангажираната фирма доследно не ги почитувала обврските.

Советот разгледа и усвои повеќе Предлог-одлуки од областа на урбанизмот, а расправаа и по други прашања од своја надлежност.