Премиерот Зоран Заев на маргините на Светскиот економски форум во Давос денеска разговараше со српскиот и со бугарскиот премиер Александар Вучиќ и Бојко Борисов.
Како што напиша на својот твитер профил, на средбата со Вучиќ разговарале за евроинтеграцискиот процес.
– Пријателството и соработката се клучни за евроинтеграциите на Западен Балкјан во ЕУ. Заеднички се движиме напред, стои на твитер профилот на Заев.
Во разговорите со Борисов, доминирала повторно темата за евроинтеграциите и забрзувањето на овој процес.
– Разговараме за иднината на Европа и забрзување на интеграцијата на Западен Балкан, пишува на твитер профилот на премиерот Зоран Заев.