Договоривме да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на Беса, Билал Касами по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– Цело време опстојуваме на тоа дека по ова што се случи со недобивање на датум за преговори, Северна Македонија и граѓаните на Република Северна Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат. Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори, рече Касами.
Тој, исто така, ја поздрави идејата на претседателот Пендаровски за организирање ваква лидерска средба.