Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посочи на Твитер дека одговорноста за поразот околу отпочнувањето преговори е кај Европската Унија.
-Одговорноста за поразот не е кај земјите (Албанија и Северна Македонија, нз) кои со право се надеваа на позитивна одлука. Тие испорачаа. ЕУ е одговорна што не успеа да исполни ветувања поради внатрешни проблеми. Ова му наштетува на кредибилитетот на ЕУ не само на Западниот Балкан туку и пошироко, напиша Хан.