Татијана Лалчевска: Реформираниот систем за социјална заштита дава резултат

Денеска, на Светскиот ден на борба против сиромаштијата, со гордост може да кажеме дека државата е на прав пат за искоренување на сиромаштијата.

Како одговорна партија, во изминатите две години презедовме низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард, намалени трошоци и намалување на стапката на сиромаштија.

Минималната плата се зголемува на 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе од сегашниот минимум, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот во текстилната, кожарската и чевларската индустрија во 2016 година.

Ваквото покачување ќе значи подобрување на животниот стандард на работниците кои земаат минимална плата.

Воведовме социјална реформа која го подобрува животот на околу 300.00 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Тоа е многу важно а извлекување од детска сиромаштија. За оние граѓани кои не ги исполнуваат условите за добивање пензија, воведовме социјална државна пензија.

Трајно го решивме проблемот со стечајните работници. Со последните измени на Законот за стечајци, за 12.000 наши сограѓани е обезбеден месечен надоместок од над 8.000 денари кој ќе го добиваат до нивно пензионирање.

Паралелно со ова, ги намалуваме и трошоците во домаќинствата што е во насока на политиките за извлекување од сиромаштија.

Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата, намалени се сметките за парно, а во неколку општини, намалена е и цената на водата за пиење.

Ова се само дел од мерките што имаат за цел да ја зајакнат борбата против сиромаштијата. Целосно сме посветени на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број граѓани и семејства.

Борбата против сиромаштија е правиот пат. Како партија продолжуваме со мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.