По повод одбележувањето на 170 години од смртта на големиот полски музички великан, Фредерик Шопен, денеска, во истоимениот парк во Кисела Вода се одржа културна манифестација со учество на ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“.
Воедно, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Малгоржата Тицињска, сопруга на полскиот амабсадор во Република Северна Македонија положија цвеќе пред бистата на Шопен.
За особен придонес во реализацијата на одбележувањето на Денот на музиката на Фредерик Шопен, Темелковски на учениците и нивната наставничка им додели благодарници.
Ова е деветта година по ред како Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска во земјава го чествуваат ликот и делото на Шопен кој важи за најголемиот композитор за пијано.