Билт: Можен колапс на политиката на ЕУ на Балканот ако бидат одбиени Скопје и Тирана

Поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт, предупреди дека со одбивањето да определи датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, Унијата се соочува со можен колапс на нејзината политика и кредибилитет на Балканот.

– Поради заканите на Франција дека ќе стави вето на отворањето на пристапните разговори со Северна Македонија и со Албанија, ЕУ се соочува со можноста за колапс на целиот пристап на нејзината политиката и кредибилитет на Балканот, напиша Билт на Твитер.

Карл Билт, сепак, изразува надеж дека лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел утре и задутре ќе го „избегнат таквиот колапс“.