Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, денеска Здружената оперативна команда (ЗОК), со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.
Најавено е присуство на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата, поранешни команданти на оваа команда, претставници од министерството за одбрана и Генералштабот, поранешни команданти на ЗОК, претставници од локалната самоуправа, воени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија и други гости.
По повод Денот на единицата пред присутните ќе се обрати командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски.
За ден на ЗОК е определен 17 октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.