Методи Хаџи Јанев го презеде командувањето во Командата за обука и доктрина

Бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев денеска ја презеде должноста командант на Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна од досегашниот командант полковник Љубенчо Петровски.

Хаџи Јанев од мај минатата година беше на должноста командант на Полкот за специјални операции, а го презема командувањето при КОД со указ од претседателот од 10 месецов. 
Тој на свеченоста во Војничкиот клуб  истакна дека му претставува огромна чест и задоволство да застане на чело на КОД која е една од клучните структури на воената формација која треба да биде таа која што ја испорачува командата на операции на армијата. -Согласно со тоа и мојата визија со  раководењето на оваа единица ќе се насочи кон три насоки:  да го задржиме сето она што е досега постигнато,  да дадеме придонес во подготвување на процесот на трансформација и како треба да се развива  Командата за обука и доктрини  и да посветам иновативност во деловите каде што недостасува, рече новиот командант на КОД. 
Воедно, најави, ќе ја зголемиме будноста и ќе дадеме повеќе работа во Центарот за обука со питомци.В о делот на иновативноста на Центарот за симулации, ќе се обидеме да се поврземе со Неапол програмата наука за мир и ќе донесуваме паметни одлуки за да успееме да ги искористиме тие фондови, тоа што НАТО вистински го нуди, а не само членство, потенцираше бригадниот  генерал Методи Хаџи Јанев.