Конференција на тема „Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата – Заеднички вредности.
Конференцијата се организира со цел презентирање на резултатите од спорведената анализа „Перцепции и искуства на раководители и службеници од државната администрација за имплементација на Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Комуникација меѓу граѓаните и институциите на централно ниво во согласност со Законот за јазиците”, финансиран од Фондација отворено општество – Македонија и Европската унија и има за цел унапредување на спроведувањето на Законот за јазиците преку документирање и следење на спроведувањето на Законот од 2008 година во избрани институции на централната власт.
На конференцијата е најавено учество на претставници на Министертство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Секретаријат за имплементација на Охридски рамковен договор, академици од областа, претставници на граѓански организации и претставници на медиуми.