Трибина „На прав пат“ во Куманово

СДСМ го продолжи каравнот отворени граѓански трибини под мотото „На прав пат” во Центарот за култура во Куманово. Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев пред кумановци истакна дека земјава се движи по вистинскиот пат последниве две и пол години,  потенцирајќи повеќе економски мерки кои ја вратиле државата на вистинскиот пат, успесите кои ги презема на меѓународно ниво, поддршката што Владата ја нуди за Куманово. Осврнувајќи се на Куманово како град првоборец, тој посочи дека уште во историјата кумановци знаеле да бидат на прав пат.

-Да кажуваш дека си на прав пат, а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат. Куманово е вистинско олицетворение на Европската Унија, како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град – конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија, рече Заев. Оосврнувајќи се на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, рече дека народот не ги заборава 11-те години од нивното владеење, потенцирајќи дека обновата на земјата може да се случи само ако самите се обноват.

-Еден од најопасните отрови е национализмот, рече Заев. Нагласи дека опозицијата се мачи да ја спречи татковината да оди кон ЕУ и НАТО и додаде дека ќе се исполнат стратешките цели, со нив ќе дојде мир, стабилност, безбедност, плати, работни места, европски фондови, ќе се трансформира цело општество, ќе има вредност животот.

-Тоа е безвременска добивка, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ порача дека државата и граѓаните со право очекуваат почеток на преговорите со ЕУ и тоа да биде објавено веќе во наредната недела.

-Сработивме се што беше потребно и со право за неколку денови очекуваме почеток на преговори со ЕУ. Знам дека нема друга земја која како кандидатка за членство, сработела онолку колку што ние како држава среаботевме за сите 15 години колку што сме земја кандидат, но особено во последните две години, порача претседателот Заев, додавајќи дека веќе е извесно дека Република Северна Македонја е 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Рековме, ветивме дека ќе го забрзаме процесот на интеграција во ЕУ и еве го правиме, ветивме дека ќе станеме членка на НАТО и еве не, извесно е, ние сме следна членка на НАТО Алијансата, рече меѓу другото Заев.

Пред две и пол години, потенцира, немаше слобода на говор, ниту демократија, молк за важните прашања, а денес е толку израена што оди кон лажни вести, не размислувајќи дека и штетат на државата. Претседателот на СДСМ направи споредба со претходните години и рече дека денес граѓаните чустуваат колку пари имале тогаш и сега.

-Парите се враќаат кај граѓаните, преку поврат на ДДВ, преку заштедите оставрени од ефтината тарифа на струјата, од радиодифузната такса, зелена нафта, социјална пензија, раст на социјални трансфери зголемени за 300 проценти, за стачајците, рече Заев.

Најави дека ќе се зголеми минималната плата за повеќе средства и дека се преговара за тоа. Со субвенциите до 100 евра за задолжителното осигурување, порача, на сите кои ќе ги зголемат платите, ќе поттикнеме нов раст на сите плати во државата.

-До крајот на годинава ќе имаме драстично зголемување на минималната плата која ќе ги отвори спиралите за зголемуавње на платите, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Куманово.

Тој зборуваше за инвестиците во Куманово, автопатот, Миладиновци – Кумново, регионални патишта, кон Свети Николе, локални, отоврен Ургентен Центар, детска градинка, две сортски сали, проекти преку фондот за иновации и технолошки развој наменети за млади, нова индустриска зона, проекти за млади земјоделци.

-Нашиот пат е прав пат, државнички, демократски, рече Заев и ги повика граѓаните на Куманово да продолжат како што рече и  досега да веруваат во социјалдемокртијата и во вистинските вредностиПотпретседателот на СДСМ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека до пред години се бореле за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажале дека се подготвени да ги дадат животите за слободата, осврнувајќи се на неселктивната правда и отварање на многу случаи во кои секој што се огрешил пред законот ќе биде изведен пред лицето на правдата. Тој рече дека до крајот на годинава ќе се реконструираат уште четири полициски станици во државата, а од јануари, и кумановската полициска станица која ќе се грее на гас.

-Денеска можеме да зборуваме за нова агенција за национална безбедност, за реформи, за подобри услови за македонската полиција. Наследив доспеан долг од 40 милиони евра, ненабавени униформи, на исто ниво плати. Денес тој долг е намален на околу 10 милиони евра, реконструирани се 36 полициски станици, набавени се нови униформи, рече Спасовски.

Камен темелник, најави, ќе биде поставен за објект за крим техника и за нов центар за странци. Кумановскиот градоначаник, Максим Димитриевски рече дека 11 години немало денар вложено во Куманово и побара поддршка од Владата за да се направи урбано модерно Куманово.