Пригодно одбележан Денот на ослободувањето на Богданци

Општина Богданци со пригодни свечености денеска ја одбележа 75-годишнината од ослободувањето на Богданци и утрешниот Ден на македонскиот непокор -, 11 Октомври.

По тој повод, општинска делегација предводена од градоначалникот Блаже Шапов, делегации на боречката организација, бизнис заедницата, политичките партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен бистите на борците кои загинале за слободата на Богданци.

Во своето кусо обраќање, градоначалникот Шапов изрази огромна благодарност за храброста на борците кои загинале за нашата слобода и иднина. На сите присутни тој им го честиташе Општинскиот празник со ветување дека никогаш нема да се запостават заслугите на загинатите за слободно Богданци, дека ќе се почитуваат нивните дела и дека ќе се продолжи по патот што тие го трасирале.

По повод прославата на Денот на ослободувањето, в сабота, во Домот на културата во Богданци концерт ќе одржат културно уметнички друштва од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *