ВМРО-ДПМНЕ: Власта бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2

Почитувани,

Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2. Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење.

Почитувани,

Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција.

Ова не е случај кој што може да остане забошотен и без влијание за перцепцијата за државата и за системот, се работи за компанија, Шведски гигант во здравствените услуги, за тоа се запознаени и дипломатскиот кор во земјата, запознаени се меѓународните институции, запознаени се и пишуваат странски медиуми.

Почитувани,

Македонија мора да расчисти со октоподот на власт, мора да се преземат вистински зафати во обвинителството, мора да се урне спрегата на октоподот, бидејќи се друго води кон натамошна девастација и уништување на државата и осиромашување на граѓаните. Потребна е обнова на Македонија. Избори се неопходни за Македонија, фер и демократски избори мора веднаш да бидат распишани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *