На крајот на декември ќе почне извлекувањето на згурата од велешката Топилница

Вработени и ангажирани работници и екипи на „Кепс Монт Груп“ ДОО Скопје  со специјални камиони со кади покриени со специјални церади, кон крајот на декември годинава ќе започнат со транспорт на првите количества на тогаш извлечена минерална техногена суровина од  троската со тешки метали од  таканаречениот „Црн рид“, тежок 1,8 милиони тони и висок од 200 до 250 метри и длабок 22 метри, а настанат како последица од 30-годишното работење на велешката Топилница.

Фирмата  веќе започна со подготвителните работи, а на локација  ќе се  инсталираат сите потребни машини  и опрема. Ќе се инсталира  и подвижната монтажна техничка линија -транспортни ленти: по две за утовар и две за истовар на суровината, покриени со хауба,  а  од која дирекно ќе се става рудата во затворените специјални камиони.

На прес конференција одржана под Црниот рид, како што појасни Ранко Шчекиќ менаџерот на техничкиот песонал на „Кепс Монт Гроуп“  првично техногената суровина ќе се транспортира со по два камиона на час или 50 – тина  камиони во текот на 24 часа.

Специјалните камиони  во наредните 48 месеци, а  можеби и подолго,  во зависност од динамиката на работите по однос на екологијата, возилата  непрекинато  ќе минат на релација: по земјениот пат од  „Црниот Рид“ кај Топилница па по улицата  што води покрај  Општинската зграда кон раскрсницата кај семафорите, па преку мостот кај  Градскиот базен преку населбата Шорка и Мостот на Вардар кај Башино Село. Оттаму надолу ќе се транспортираат се’ до Солунското пристаниште, а оттаму се’ до Малезија.

-Целиот транспорт  на троската од „Црниот рид“ ќе биде еколошки. Транспортот ќе се врши со камиони од типот „кесон“ со метални кади со покриени специјални хауби на теретот, а  што дозволува европскиот стандард за екологија. Исто така и целата експлоатација на минерална суровина од троската  „Црниот рид“ ќе биде еколошка без користење на никакви киселини, адитиви и реагенси, ниту со топење, тука исклучиво со механички третман, а по секое копање на ридот ќе се прска  со водена заваса, за да се елеминира евентуалната прашина, појасни Шчеќиќ.

Но тој потенцира дека  за да почнат активностите на ископ на техногена минерална суровина претходно ќе треба да се отстрани целиот останат отпад од „Црниот рид“.

Шчекиќ се пожали дека на „Црниот рид“ освен еколошки  има  и секаков вид друг  отпад, комунален, индустриски и градежен, па и фрлени мрши од животни,  а посочи и дека најзоре на Црниот рид  лежи фрлена мрша од крава.

Како што појасни Љупчо Аврамовски експрт од консултантската куќа „Енвиро ресурс“ кој ја изработи студијата,при ископот на техногената суривина од „Црниот рид“ ќе се врши мерења на ПМ 10 честичките и на оловото, четири  сезони по 14 дена.

-Во случај и покрај водената завеса  мерењата да покажат поголеми концентрации на ПМ 10 честички, од максимално дозволените 10 микро милиграми суспендирани честички во тој случај ќе се застане со работата и ќе се намали екплоатацијата, појасни Аврамовски.
Тој информира дека согласно студијата што тие ја направиле, по завршувањето на ископот, во наредните 12 месеци ќе се изврши и  ремедијација на земјиштето каде сега се наоѓа „Црниот рид“. Тоа ќе биде  на длабочина од 300 милиметри, ќе се извади земјата, а ќе се донесе чиста почва-хумус и ќе се засади трева, маслодајна репка или други растенија на предлог од стручњаци од Земјоделскиот факултет, информира Аврамовски,
Тој потенцира дека со ископ и транспорт на минералната суровина од „Црниот рид“ на велешка Топилница“ ќе се реши првата од  10-те постоечки  „жешки еколошки точки“ во земјава,
Воедно како што  појасни експертот Ранко Шчекиќ, ова извлекувањето и  транспортот на троската од „Црниот рид“ на велешка Топилница  е вистинското најдено  решение за спас на велешани и градот.
Појасни дека ако како што првично се предлагало „Црниот рид“  целиот се покриел, тоа би довело до катастрофа по населението во овој реон. Тој појасни дека земјиштето под ридот е трусно, а депонираниот материјал е жив и се лизга надолу, а само на 300 метри подолу е реката Вардар.

 

-Ова е жив материјал, и ако се покриела депонијата, односно „Црниот рид“ кој е жив материјал, ќе се зголемела тангентната сила што сега е 63 отсто, при што би имало и поголем притисок врз земјиштето каде тој е лоциран. Бидејќи Велес е на трусно подрачје при поголем земјотрес, целиот терен би се лизнал и однел надолу се’ пред себе се’ до мостот на Вардар  кај Башино Село. Тоа   би предизвикало  катастрофа за жителите во овој реон, потенцира Шчекиќ.

Тој информира дека според направените анализи во ЛЏ Лабараторијата во Холандија преку Белградскиот институт и Лабараторијата во Бор, Србија, а  во зависност од шаржерот на рудата која се топела и колку таа од работниците била  вешто  стопена во 1,8 милиони тони „Црниот рид“ од велешката  Топилница  има од 6-9,8 проценти цинк, од 2,2 до 3,4  проценти олово  и железо од 1,25 проценти.
Како што додаде дека има други метали, а кои се во  минимални количества како  кадмиум, арсен од 0,01 проценти и други метали, но  кои метали се  сврзани во таканаречена  „кристална решетка“ со останатите тешки метали, а поради што и нема опасност по околината од овие метали, појасни експертот Шчекиќ.