Фестивал на медот во Прилеп: Има субвенции, но проблемите го намалија медопроизводството

 Десетиот јубилеен фестивал на медот „Медот и пчелните производи, инвестиција за вашето здравје“ се одржува од денеска до наредните четири дена во Прилеп во организација на прилепското пчеларско друштво „Братство“.

На фестивалот се изложени 13 производители на мед, а наредните денови се очекува да се изложи и пчеларска опрема.

Според Љупчо Ѓорѓиоски, претседател на здружението „Братство“ целта е медот и пчелните производи да се промовираат, да им се доближат до граѓаните и да се нагласи огромната важност за консумирањето за човековото здравје.

Според Ѓорѓиески, загрижува намалувањето на пчелните семејства, но и производството на медот.

-Нас нѐ загрижува намалувањето на приносот на мед, зашто се намалува обработливата површина, се намалува бројот на пчелните семејства, што е тренд во светски рамки, главно, поради прекумерната потреба на хербициди во земјоделското производство, а тоа доведува до помор и угинување на пчелите, што е многу опасно за животот на земјата. И климатските промени си го направија своето, рече Ѓорѓиески.

Еден од најстарите прилепски пчелари, Димитар Алексоски, го нагласува големиот проблем со недостиг од лекови за пчелите и бара државата да помогне.

-Јас сум еден од постарите пчелари во Прилеп. Имам над 100 пчелни семејства. Приликите на производството на мед се многу изменети. Порано од едно пчелно семејство се собираа до 50, а сега 10 до 15 килограми. Причините се главно во употребата на хербицидите во земјоделското производство. Некогаш сме, а почесто, не сме известени за нивната употреба. Влијаат климатските промени, но и намалувањето на добиточниот фонд. Имаме проблем и потребни ни се лекови за пчелите. Дома немаме производител, увозот е отежнат па тешко се снаоѓаме. Сакаме тоа државата да го реши, објаснува Алексоски.

Пчеларите реагират на увозот на нешто што е слично, а не е мед. За пребродување на проблемите, како што вели долгогодишниот пчелар Богоја Неданоски, најчесто се снаоѓаат сами, споделувајќи го искуството. вели годинава е нешто поповолна.

-Државата и општината колку-толку ни помагаат. Најчесто пчеларите сами си ги решаваме проблемите, користејќи го искуството. Климатските промени с еголеми, има суши и производството е намалено. Годинава, за разлика од минатите две-три години, временските услови не беа драстични, рече Неданоски.

Фестивалот на медот во Прилеп се одржува во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, при отворањето на Фестивалот нагласи дека здружението и пчеларите ја имаат поддршката на Општината за развој на медопроизводството.