Нападната е веб страницата на еднствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“.
– Нападната е веб страницата на нашиот весник а нападот, според првичните информации, е извршен од Бугарија. Засега нкој не ја презеде одговорноста. Вон функција сајтот е од синоќа, се обдуваме да го ставме во функција во текот на денов, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.
Според него нема оставено никаква порака.
Весникот „Илинден“ што го издава истоименото друштво почна да излегува на почетокот на февруари пред шест години.
Првото издание, беше отпечатено како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум светот.
Од 17 март минатата година весникот е достапен и во електронска верзија.