СДСМ, Заев и Манчевски продолжуваат да лажат и манипулираат со граѓаните.
Наместо празни соопштенија кои што ги праќа СДСМ, веднаш да одговори зошто во системот се ажурирале само 78.320 административци, кога лани работени однос склучиле дури 132.068 лица?
Зошто СДСМ, Заев и Манчевски сакаат нивната неспособност, неработа и неодговорност да ја префрлат на вработените во институциите и во извештајот од Државната ревизија стои дека невнесувањето на податоците е поради неажурност од вработените во институциите?
Зошто СДСМ, Заев и Манчевски се обидуваат да ја прикријат реалната бројка на вработени лица во јавниот сектор?
СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски не можат да ја однесат Македонија на правиот пат.
Граѓаните знаат дека СДСМ, Заев и Манчевски единствено што знаат е да ги партизираат институциите и да вдомуваат партиски послушници.
Граѓаните знаат колку штета им нанесе СДСМ, Заев и Манчевски на институциите и на Република Македонија и затоа се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.
СДСМ мора веднаш да замине, што побрзо тоа подобро за сите. Наскоро доаѓа вистинска грижа, професионална администрација и одговорно работење. Наскоро доаѓа Обнова за Република Македонија.