Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Охрид ќе се обрати на Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа.
Целта на годинашниот форум е да се истакне значењето на руралниот развој за регионот на Западен Балкан и да се посочат насоки за подобрување на политиките и постигнување на конкуретноста и одржливиот развој.