Боки 13 донесен во Обвинителството да даде исказ за „Рекет“

Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, попладнево со полициска придружба од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јовановски по увидот на доказите, треба да даде исказ во Обвинителството за „Рекет“. Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари“ и „примање награди“.

Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.