Осмо издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ од 7 до 13 октовмври

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ кандидат за Оскар ќе биде прикажан во Тетово во рамки на осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“. На фестивалот кој ќе се одржува од 7 до 13 октомври ќе бидат прикажани вкупно 105 филмови.

-За да се реализира овој филмски фестивал беше потребна речиси цела една година и се надеваме дека ќе успееме да пружиме нешто што и на институции имаат проблем да го направат, изјави Сабедин Селмани, директор на фестивалот.

Во сите денови од фестивалот ќе има по седум термини за проекции на исто толку категории н филмови, а ќе се одржуваат и работилници.

-Категориите на филмовите се-детска панорама, балканска натпреварувачка панорама, специјални проекции, кратки филмови, кратки анимирани филмови, победничка панорама-за студенти и европски филмови.  Во европските филмови се застапени сите земји од континентот. Во детската панорама ќе има филмови за деца во пладневните термини за да се чувствуват како во останатите градови и земја со оглед дека нема во Тетово кино, рече Селмани.

Документарецот „Медена земја“ ќе се прикаже на 12 октомври на завршната церемонија од фестивалот.  За учество на фестивалот аплицирале 3963 филмови од 120 земји. Проекциите се слободни и ќе бидат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

 

One thought on “Осмо издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ од 7 до 13 октовмври

  1. Great job on this piece! It was very informative and engaging. I’m eager to hear different perspectives on this. Click on my nickname for more engaging content.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *