ПАЛЕОГЛОСОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ

 

А. Шкокљев-Дончо

 

Академик А. Шкокљев – Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 28

  • ПАЛЕОГЛОСОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Историските податоци кои би се користеле за проучување на древните народи на Балканот се многу скудни, па се сметало дека се недоволно сочувани, како нивните јазици и дијалекти.

************

Во ова истражување, меѓутоа, се тргнало од хипотезата дека јазикот и писмото, покрај огнот, се најголемата човечка иновација која придонела во формирање на историјата на човештвото и дека се природен инструмент на совеста и мислата. Заради тоа, се претпоставило дека ако на овие простори постои архетипска археологија, тогаш мора да постои и палеоглосологија која би претставувала архетипски модел за постоење на праисториски јазик.

Средството за комуникација, јазикот, со кој говореле творците на неолитската култура на “Стара Европа” и ја создавале уметноста на Лепенски Вир и српско Подунавје, развивајќи се и се усовршувал се’ до современата светска цивилизација.

Многу истражувачи дошле до заклучок дека глосолошките елементи на таа најстара цивилизација ги сочинуваат супстратите на јазиците на античките и праисториските популации на Балканот: Бореи, Хипербореи, Мишани, Мези, Тракијци, Бриги, Пелагонци, Македонци, Енелејци, Пелазги, Јонци и др., кои живееле во овј дел на Европа и зборувале на еден заеднички јазик со разни дијалекти, јазик на протоиндоевропејците.

Заради скудните пишани податоци, како извори најмногу се користени географската ономастика (топоними, хороними, хидроними, ороними), потоа теоними, антропоними, како и оние кои се наоѓаат во симболите, религијата, митологијата, уметноста, книжевноста и др. Некои од овие истражувања, под наслов “Пелашка глгосологија: кон архетипска свест и колективна несвест”, се објавени пред две години (Шкокљев, А., Шкокљев, I, 1996 г., 39).

Бидејќи ономастиката на Балканот претежно може најубаво и најверно да се дешифрира со старогрчки речник, во методологијата е користена научна етимологија на античкиот грчки јазик, кој најмногу бил истражуван. Тоа е научен превод на фонетскиот и семасиолошкиот развој на некои зборови во ономастиката на основа на историско-споредбена глосологија паретимологија, односно “народната” естимологија на античкиот јазик кој го користат грчките лингвисти. Ова е заради тоа што во античкиот и современиот грчки јазик се вградени многу супстрати од палеоглосолигијта на Балканот, која во Грција се нарекува “праелинска” или “пелашка” глосологија.

Ги наведуваме следните примери:

АНТРОНИМ: Атина (atena или atana) име на божицата Атина и градот Атина, е кованица од негацијата  а – без и зборот tanatos -смрт, т.е. бесмртна;

ХИДРОНИМ: talassa-море, кованица од зборовите ta, to-трча и alas-солен.

Современиот грчки лингвист, професорот Mpampiotis (1986 г.) во својата студија со наслов “Концизна историја на грчкиот јазик” наведува дека глосолошките супстрати од нехелинско потекло, т.е. претежно од пелашкиот јазик на тлото на Грција, се оние елементи на грчкиот јазик со кои завршуваат одредени зборови, како на пример:

– во топонимите тоа се:

amos: Gramos, Samos…

nthos: Korinthos, Zakinthos, Tirinthos, Akanthos…

ssos: Ilissos,Parnassos, Kifissos, Knossos…

ssa: Larissa, Agrissa, Edessa, Naussa, Arinissa…

ttos: Likavittos, Ardittos, Imittos…

mnos: Kalimnos, Rethimnos…

ndos: Pindos…

ake: Ithake, Trake…

ХИРОНИМИ:

ОСТРОВИ: Krite, Thera, Thasos, Lesvos, Milos, Naksos, Hios…

РЕГИИ: Pelazgia, Thesprotia, Thesalia, Arkadia, Magnezia.

ГРАДОВИ: Athenaj, Mikali, Argos, Lerna, Pirasos…

ОРОНИМИ: Olimpos, Pidos, Gramos, Kifissos…

ХИДРОНИМИ: Pelagos, Pontos, Kolpos, Pinejos, Srerhejos…

AНТРОПОНИМИ: Ahilevs, Artevs, Alizevs, Andrevs, Enipevs, Erehtevs, Evristevs итнт. како и сите останати антропоними кои го имаат суфиксот – evs.

ТЕОНИМИ: Athena, Artemis, Apolon, Zevs-Dios, Ermis, Promithevs, Ifestos…

ФИТОНИМИ: Dafni, Kolokinthos, narkissos, iakinthos, kissos…

РАЗНИ ДРУГИ НАЗИВИ: gejson, pirgos, gefira, thigos, magaron, sidiros…

 

ОНОМАСТИКАТА НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

На палеобалканската глосологија (ПБГ) приоаѓа и несловенската ономастика на централниот балкански простор на античките: Македонија, Пелагонија, Илирија, Тракија и Бригија, т.е. денешните Македонија, Албанија, Бугарија. Заради обемноста на материјата, ќе бидат изнесени само некои примери, како ХИДРОНИМИТЕ, ОРОНИМИТЕ, АНТРОПОНИМИТЕ  и др.

Продолжува