Мицкоски: Да се запре егзодусот на нашите најблескави млади во Западна Европа и Америка

Добредојдовте во нашиот прекрасниот град Скопје, каде во текот на следните неколку дена ќе имате можност да разговарате за круцијални прашања поврзани со иднината на нашиот заеднички континент. Пред сè, дозволете ми прво да и се заблагодарам на Фондацијата Конрад Аденаеуер и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии. Довербата и силната конекција на нашата политичка партија со овие две организации е клучна во градењето на лични и институционални капацитети, насочени кон критичко размислување и длабоко разбирање на клучните вредности кои мора да ги поддржи современата европска централна десница. Семејството на ЕПП секогаш негуваше силна соработка и разбирање помеѓу младинските организации и јас сум убеден дека овој настан ќе биде уште еден чекор во таа насока.

Сигурен сум дека како резултат на оваа политичка академија ќе ја напуштите нашата земја со нови пријателства и врски што ќе ви помогнат во идните политички активности. Така што, мојот прв совет за вас е да изградите силни конекции врз основа на политички принципи. Понекогаш, во вашите се надевам долги и исполнителни политички кариери, можеби нема да се согласувате, но сè додека се придржувате до принципите и вредностите, заедничкиот пат ќе ве здружи, и ќе ве направи посилни и пообединети од било кога.

Живееме во ера во која нашите политички противници се борат со нас во рамките на политичката арена со сè, само не со принципи и вредности, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со кои се соочува нашето политичко семејство, ЕПП. Ние сме силни кога станува збор за здрава економска и социјална политика, ние сме силни кога станува збор исполнување на ветеното. За жал, ова не е начинот на кој што нашите политички противници гледаат на конвенционално политичко дејствување.

Изминативе три години нашата нација ја водеше социјалдемократската влада, која беше вмешана во голем број на случаи на широко распространета масова корупција преку непочитување на владеењето на правото, ги зголемија даноците за секоја категорија граѓани, е неспособна да реализира капитални инвестиции и не донесе ниту една опиплива реформа во која било област клучна за европската интеграција. Тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Ќе се согласам, дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на кое било место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат уште некој ден мандат за да продолжат со истото.

Тековна работа на нашата партија, во опозиција, е да донесе суштинска и опиплива промена. Да се запре егзодусот на нашите најблескави млади во Западна Европа и Америка; да се создадат добро платени работни места со висок квалитет; да се справи со екстремните нивоа на загадување; да се намалат даноците и да се поттикне претприемништво. Ние мора да го европеизираме нашето општество одвнатре – ова е единствениот начин да ја поставиме нашата нација на брз пат кон членството во Европската унија.

Географски, Македонија е несомнено во Европа, но географијата не е се. Ние немаме друга опција освен да го обновиме нашиот економски, правен, социјален и политички систем. Ние немаме друга опција освен да градиме и негуваме култура на доверба меѓу политичарите, релевантните чинители и граѓаните што ќе ја отстранат стигмата дека сите политичари се корумпирани крадци. Поради ова се опкружив со најдобрите и најпаметните. Способни индивидуи со професионални искуство од сите различни сфери на животот, кои имаат задача да ја променат оваа негативна стигма за политиката и политичарите. Донесувањето промени и напредок не е лесна задача, но ништо што вреди да се постигне во животот не е лесно.

Несомнено верувам дека во 21-от век во Европа политиката мора да биде повеќе политики отколку за дневна политика, и сè додека ние како лидери се фокусираме на политика базирана на политики, тогаш сигурно ќе дојде и до промена на перцепцијата. Граѓаните сакаат политичари кои одговараат на нивните потреби и желби, кои ги разбираат и имаат искрен емфатичeн пристап. Целата политика е неспорно локална, затоа никогаш не го губите контактот со својата база, затоа што решенијата за дури и најпроблематичните прашања произлегуваат од најнеочекуваните места.

Она што е неопходно во животот е да се има визија. Светот останува во рацете на оние кои се посветени на своите цели и знаат што можат да постигнат, но исто така јасно разбираат што сакаат да постигнат. Мојата визија за Македонија е нација отворена кон светот, со развиена економија која ќе направи вистинско технолошко чудо на Балканот. Нација со правен систем што гарантира слободи и права на секој поединец. И, пред сè, нација со среќни граѓани кои ќе градат мостови за соработка, во нашиот регион и пошироко, засновани врз европските вредности и принципи што мора да ги поддржуваме. Нашата нација мора да стане место каде што секој млад човек може да ја реализира својата амбиција и да гради иднина. Нација на надеж, безбедност и просперитет. Нација која ќе биде пријател со соседите и лојален партнер со кого ќе може да се работи кон остварување на заедничките цели. Ова може да се постигне. и ние имаме капацитет да докажеме дека можеме да бидеме различни и подобри.

Драги учесници и драги пријатели,

Мое е задоволството да познавам и комуницирам со повеќето лидери на вашите политички партии и сите ги сметам за многу способни и самоуверени лидери. Веројатноста да имате идните претседатели, премиери и министри е исто така многу голема, така што се надевам дека по ова патување ќе имате подлабоко разбирање за нашето општество, за нашата култура и нашиот начин на живот. Можам да кажам со целосна увереност дека нашата Унија на млади сили ќе биде одличен домаќин. Дозволете ми да ви посакам успех и многу отворена дискусија за време на оваа политичка академија. Уживајте во нашата држава и се надевам дека ќе не посетите повторно наскоро!