„Со соработка до побрз развој“ е темата на меѓународниот деловен форум што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на српски деловни субјекти и застапници во Република Северна Македонија (СИДИС) во соработка со Амбасадата на Република Србија
На форумот ќе учествуваат претставници на стопански комори и деловни субјекти од држвава, Србија, Република Српска (БиХ), Турција, Германија и Русија.
– Собирот првенствено е наменет кон продлабочување на билатералната економска и деловна соработка помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија, унапредување на соработката помеѓу земјите од регионот, како и можности за создавање нови и унапредување на постојните деловни врски меѓу компаниите, истакнуваат организаторите.