Димче Арсовски: ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум и ги тероризирале новинарите

Денес диктатурата и режимот на СДСМ и на Заев се покажаа во вистинско светло.

Денес во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите.

Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал.Каква перверзија!

Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон.

Почитувани граѓани, среќна нова 49!

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот „Нет Пресс“ и уредникот Дејан Николовски.

Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа.УЈП ја тероризира  и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период.

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски.

Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев.

Сите овие медиуми и новинари се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината, болната вистина  на виделина за криминалот кој го прави оваа влада откако е на власт.

Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите останати криминалци од власта на СДСМ.

Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт.

Апелираме до СДСМ и до власта, прекинете да вршите кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не ви се наклонети и кои не се под ваша контрола.

Прекинете да ги цензурирате медиумите и прекинете да ја забранувате слободата на говорот во медиумите.

Нема никого да замолчите и нема да спречите болната вистина за вашиот криминал да излезе пред очите на јавноста.

Вие сте криминално-рекетарска банда и мора што побрзо да заминете од власта!