Мисовски, Груби и Кузмановска на студиска посета во САД за антикорупција и транспаретност

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Артан Груби, претседател на Комисија за европски прашања и Лилјана Кузмановска, претседателка на Комисија за финансирање и буџет, во изминатите денови престојува во студиска посета на САД, фокусирана на антикорупција и транспарентност.

Во меѓународната делегација на студиската посета, која се одвива во Вашингтон и Индианаполис од 16 до 26 септември 2019 година, исто така учествуваат и пратеници од Албанија, Романија и Србија.

Како што соопшти ИРИ, студиската посета им овозможува на пратениците да се запознаат со антикорупциските норми и пракси, како и со стандардите за транспарентност кои се применуваат во извршната и законодавната власт во САД. Таа исто така придонесува пратениците да ги зајакнат билатералните односи со членови на американскиот Конгрес и другите владини службеници на САД, како и истакнати антикорупциски експерти со цел подобрување на законски решенија за транспарентност и антикорупција.

Студиската посета ја организира Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во соработка со Институтот за репрезентативна влада (ИРГ). Програмата е финансирана од Бирото за образование и култура на Стејт Департманот и поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија преку нејзината канцеларија за јавни работи.