Меѓународна ликовна колонија во комплексот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Традиционалната Меѓународна ликовна колонија во комплексот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези денеска ќе биде отворена. На манифестацијата, основците од училиштата во Општина Карпош заедно со своите врсници од Триадица-Софија, Република Бугарија, Нови Београд, Република Србија и Тиват, Република Црна Гора ќе ги создаваат своите ликовни творби.

Пред присутните ќе се обрати претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев.

Меѓународната ликовна колонија ќе биде отворена до сабота.