Конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата ќе се одржи денеска во Владата на Република Северна Македонија.
Состанокот, како што најави владината прес-служба, ќе го отвори и модерира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, по што ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.