Билатералните односи меѓу двете држави, како и можностите за нивно унапредување во сите сфери од взаемен интерес, особено во економската сфера, културата, образованието и науката, здравството беа тема на разговор на денешната средба на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.
На средбата, инфомрираат од Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји, случувањата на регионално и глобално ниво, како и за клучните предизвици со кои земјите се соочуваат во надминувањето на актуелните состојби. Претседателот Пендаровски го истакна интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за интензивирање и унапредување на севкупните односи со Украина.
Односите меѓу Северна Македонија и Украина се темелат врз доверба, меѓусебно разбирање и поддршка, а двете држави споделуваат исти вредности и имаат еднакви определби, членство во ЕУ и во НАТО.