Обвинителството бара продолжување на притворот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднело барање за продолжување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија за МИА од ЈОРСМ.

Триесетдневниот притвор на Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет, и истекува в петок.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, пак, вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.

– Оптпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска за МИА.

Таа посочи дека бараат Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Сегашната мерка притвор на Катица Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.