Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на седницата се Предлог – законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање и Годишниот извештај на Народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година.