Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Матју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизиа ЕРТ.
Медиумот забележува дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.
Нимиц посочува дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк на стартот од преговорите се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска република Македонија (БЈРМ).
Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за агенцијата Блумберг изјави дека двете земји имаат реална шанса, веројатно, најдобрата досега, да го решат својот спор за името на Македонија.
– Во Атина и Скопие има политичска волја и верувам дека решението е достижно, посочи Ји.