Од денеска во Битола се наплаќа на сите јавни градски паркинзи

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во O пштина Битола информира дека од денеска почнува со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање во сите зони, како и на затворените паркинг простори во градот.

Од претпријатието посочуваат дека возачите непречено ќе користат паркинг простор со плаќање преку СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта.

Цената на паркинг услугата во зона-А изнесува 30 денари за паркирање за период од 2 часа, а секој дополнителен час ќе се наплаќа по 25 ден ари. Во зона-Б ќе се наплаќаат по 20 денари за паркирање од два часа и дополнителни 20 денари за секој нареден час, додека во зона- Ц паркирањето ќе чини по 30 денари паркирање за цел ден.

Наплатата на паркинг услугите од денес се врши во терминот од 07 до 21 часот, од понеделник до сабота, додека во недела и државни празници нема да се наплаќа услуга за паркирање на подрачјето на Општина Битола.