Почнува традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“

Од денеска до 18 септември во старото градско јадро на Скопската чаршија ќе се одржи 13. традиционална манифестација „Звуците на чаршијата“.

Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје кој е организатор на настанот, манифестацијата треба да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.

Според нив, целта на манифестацијата е преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

Тридневна програма на манифестацијата ќе биде збогатена со литературни дела на писателите, изложба на фотографии и многу други перформанси.