Претседателот Пендаровски се сретна со Прибе

Претседателот Стево Пендаровски  имаше средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Прибе го запозна Пендаровски со тековните ангажмани и планови.

Поранешниот директор во ЕК ја нагласи важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите, се посочува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *