Протест против НАТО пред македонскиот Парламент

Група граѓани, меѓу кои и пратеничката Солза Грчева и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ денеска протестираат пред Собранието на Република Македонија, каде пред пратениците обраќање имаше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Демонстрантите имаат истакнато транспаренти на кои пишува „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“…

Претходно, пратеничката Солза Грчева преку Фејсбук повика на протест за, како што пишува „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.

Мирниот протест го обезбедуваат полицајци.