Она што е исклучително важно за нашата држава е квалитетот на предучилишното образование и програмата за предучилишно образование, зашто нашите деца треба да ги подготвиме квалитетно за старт на училиште, на тоа ќе работиме интензивно во наредниот период бидејќи веќе е направено зголемување од 16 проценти на платите на воспитувачите, изјави министерката за труд и социјална политика на денешното отворање на нови простории во градинката „Детелинка “ во Крива Паланка.
Царовска истакна дека паралелно со вложувањето во инфраструктура во предучилишните установи , се работи и на подобрување на квалитетот на воспитувачите, на програмата за предучилишно образование и нејзина доследна имплементација.
– Платите на воспитувачите и негувателите и целиот кадар во овие установи го зголемивме за 16 проценти, дополнително со септемвриската плата што ќе се исплати во октомври ќе добијат уште пет проценти, со што има вкупно 21 процент покачување на платите, што е голема мотивација за сите вработени кои со години не беа удостоени со соодветни плати, потенцира министерлата за труд и социјална политика.
Дополнително, укажа, примената на програмите за предучилишно образование ни се многу важни, кога веќе инвестираме и во воспитувачите, во кадар и инфраструктура, сепак нашите деца треба да добијат и соодветно образование, да ги спремиме соодветно за старт на училиште.
– Во тоа барам поддршка и од директорите, градоначалниците и од целиот кадар, зашто децата не се тука само за да ги најадеме, наспиеме и исчистиме, туку тие се тука да бидат спремни за соочување со општеството и со училиштетот кое ги очекува за некоја година, потенцираше Царовска.
Со покачувањето на платите се опфатени вкупно 3.138 негователи и соспитувачи од државата.