ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана

Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана.

На ден 22 јуни 2017-тата година Фросина Ременски, беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече, цитирам: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн“.

Прашањето на кое не одговори денес Фросина Ременски е следното:

За што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“?

За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела?

Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат.

Почитувани,

Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13?

Пари во меѓународниот сојуз има милиони, резултати и проекти нема. Парите извадени од сметка, нормално. Дали тоа се парите за кои влијаела максимално и лобирала Фросина Ременски и каде завршиле истите пари дадени од бизнисмените најверојатно како „Рекет“?

Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018-тата година.

Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите, дадени од бизнисмените на „Меѓународен сојуз“? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена.

Фросина Ременски дента кога ја прогласија за почесен претседател, призна дека има долгогодишна координација и комуникација со Боки 13 за проекти и стратегии и за натамошно функционирање, притоа потенцирајќи дека таа ќе се ангажира и ќе влијае и ќе лобира онаму каде што може.

Очигледно е дека целата фарса од истрагата за случајот „Рекет“ е единствено целиот случај да се развлече и на крај нормално да се забошоти, да остане таков како што е во моментов.

Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, инволвирани во случајот „Рекет“, а целиот случај да се сведе само на Боки 13, за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам.

Почитувани,

Одговорност ќе има за сите, веднаш откако ќе падне оваа криминално-рекетарска власт на СДСМ. Веднаш потоа ќе следи обнова на Македонија и ќе нема повеќе место во политиката за вакви криминалци од највисок ранг.

Прашање: СДСМ обвинува дека токму ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за јавно обвинителство, Ваш став за ова?

Одговор: Видете во однос на тоа прашање ние неколку пати имаме одговорено, повторно ќе го повторам истото. Како што знаете изминатиов период преговарачките групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на СДСМ, предводена група од страна на министерката Рената Дескоска преговараат и ние ги изложуваме, и ги застапуваме нашите ставови кои коренсподираат со нов закон, кој што треба да ја врати правната држава. И нормално да има неселективна правда. Во моментот владее неселективна правда. Принципите за кои што ние се залагаме се единствено во таа насока да има неселективна правда со новиот закон. Единствено во моментот ако некој го кочи или сака да го силува донесувањето на законот предложен од страна на СДСМ, тоа е единствено СДСМ, со една единствена цел само за да можат подоцна да се амнестираат и целиот криминал кој што во моментов го прават. А, гледаме дека прават многу, односно премногу, досега невиден криминал.