На Табановце-Прешево се минува на една испостава, прв заеднички граничен премин во регионот

Со гранично-царинската контрола на една испостава, Северна Македонија и Србија од денеска на ГП Табановце – Прешево овозможија заедничко извршување на граничните и царинските форналности при движењето на стоки и патници.

Времето на чекање се намалува двојно, се отвораат можности за соработка на бизнисот, повеќе туристи, интеграција на регионот, порачаа премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ на пуштањето на првиот заеднички граничен премин во овој дел на Европа  т.н „One stop shop”.

– Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и  на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со  едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави, рече премиерот Заев.

Тој потенцираше дека по целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот,  изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин ова е  последната фаза од создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните.

Преку  ГП Табаноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува,  истакна Заев, тој годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260.000. – Намаленото време на поминувањена границата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави и на транзитните, а на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето на царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, предвидено  е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, ќе се намали можноста за царински измами, наведе премиерот.

Брнабиќ нагласи дека двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа. Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи таа, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.

– Ова не е важен ден само за РСМ и Србија, туку ова е потенцијално нов почеток за економска, трговска и регионална регионална соработка на западен Балкан.  За ова да биде вистински нов почеток нам ни е потребна политичка храброст и визија, да гледаме во иднинаната  и да не бидеме фокусирани на краткорочни популистички политики, рече Брнабиќ.

Регионалната соработка,  оцени, е исправена пред големи предизвици.

– Во овој момент регионалната соработка, за жал, се наоѓа пред големи предизвици. По неколку навистина успешни години, пред се трговски и економски, благодарејќи на  различните регионални иницијативи, пред се, на Берлинскиот процес, за жал, денес имаме големи предизвици поради практична директна суспенизија на ЦЕФТА договорот од страна на Приштина и одлуките да се воведат такси, посочи Брнабиќ.

Со пуштањето на граничниот премин стартуваше официјалната посета на српската премиерка на државава. По официјалниот пречек пред Владата со Заев ќе потпишат договори за соработка и ќе одржат заедничка прес-конференција.