Општина Чашка ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци

Општина Чашка  ќе прави бушотини за вода на длабочина од 30 до 40 метри во населените места Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци, а со кои ќе се подобри водоснабдувањето на жителите  од овие населени места , а кои имаат недостиг од вода за пиење посебно во летните месеци.

Како што појасни за медиумите градоначалниот Горан Стојановски,општината веќе  извршила испитувања на локации во овие населени места.

-При тоа  на овие локации најдени се гаранции дека  има вода во поголеми количини, информира Стојановски.

Тој појасни дека Општина Чашка по ребалансот на буџетот закажан за седница на Советот во понеделник на 26 август,  очекува со измени на планот за јавни набавки да  се започне со бушење за добивање на нови количества вода во Населбата  Чашка и селата Богомила и Согле, како и во селото Мартолци, а кое било  вклучено во претходната програма.

Одлуката за новите бушотини со вода, уследи откако Општина Чашка претходно односно минатата година  по превземањето  на водовите набави нови пумпи но проблемот не го реши.

-Минатата година за овие водоводи кои преминаа во сопственост  на Општината , а со нив стопанисува ЈПКД „Тополка“ ние  набавивме нови  пумпи. Но за жал издашноста на бунарите е многу мала и не можат да испумпуваат  доволно количества со вода. Поради тоа ние  се одлучивме за нови бушотини  со  нови изворишта со поголеми колчества на  вода.појасни Стојановски.

Тој потенцира дека со новите бушотини, како Општина ќе го решат повеќедеценискиот проблем со недостиг на вода за населението од овие четири  населени места посебно во летните месеци, а  кога има голем недостиг на вода.

Градоначалникот Стојановски воедно  информира деја преку ЕБР и Министерството за транспорт и врски ќе започне втората фаза за водоводот во  село Горно Јаболчиште, а  за кој се обезбедени 240 илјади евра.