ВМРО-ДПМНЕ: Заев и картелот околу него најголема пречка за добивање датум за членство во ЕУ

Аболицираниот Зоран Заев и картелот околу него се најголемата пречка за добивање датум за членство во ЕУ. Тие од Македонија направија загубена држава.

Пријателите и сојузниците на Македонија секојдневно ги гледаат криминалите и грабежот кои неказнето се одвиваат пред очите на домашната и меѓународната јавност.

ЕУ и САД бараат расчистување на рекетот и дивоградбите и инсистираат пред суд да бидат изведени не само извршителите, туку и организаторите и помагачите на криминалот.

Македонија тоне во корупција и назадува на листата на Транспаренси, а Зоран Заев нуди партиско – политички пресметки со сите кои размислуваат поинаку. Институциите се злоупотребуваат за да се штити криминалот на власта, а за сметка на тоа се креираат и измислуваат непостоечки случаи.

Власта најавува одлуки, а потоа клиентелистичкиот суд само ги пишува.

Стотици нововработени или примени по рамковниот договор не одат на работа, но случај се креира само за поранешен директор од опозицијата.

Курто Дудуш киднапира и малтретира граѓани, а полицијата му менува записници.

Драги Рашковски кажува кој ќе победи на тендер тежок милиони евра, а обвинителството се плаши да го повика.

Конечно, криминогениот Заев, кој ветуваше дека при јавните набавки ќе била пресудна цената на понудата, распишува тендер тежок половина милијарда евра каде пресуден е квалитетот. Трагедијата да биде поголема, а криминалот поочигледен, пари се позајмуваат од комерцијална банка, а проект се уште не е изготвен и никој не знае колку би чинела изградбата на нов клинички центар.

Крадците остануваат крадци. Зоран Заев и бандата околу него ќе продолжат да го ограбуваат народот се додека не бидат сменети на избори. После поразот, институциите ќе се ослободат од политичките стеги и ќе почне вистинска борба против криминалот која е услов за добивање датум за преговори со ЕУ.